Јавна дискусија

ПАКТИС во рамки на проектот “Активирај се против говорот на омраза и лажните вести” одржа јавна дискусија со средношколците во Прилеп, на која се говореше за поврзаноста на говорот на омраза и лажните вести и како тоа се одразува врз општеството и поединците.

Акцентирани беа потребите за повисоко ниво на медиумска писменост, особено меѓу младите, разликување на говор на омраза од слобода на изразување и застапување на овие две тематики во форалното образование.