Улогата на ПАКТИС во локалната заедница

Улогата на граѓанските организации за подобрување на состојбите во локалната заедница, е од исклучителна важност. Разбудени и активни граѓани, допринесуваат за решавање на проблемите, коишто често се занемарени од страна на властите. Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп, 5 години работи активно на проблемите во локалната заедница.

Фокусот на нашите активности е животната средина, младинските политики, поглавјето 23 од претпристапните преговори со ЕУ, темелните и човековите права, локалниот граѓански активизам, процесот на донесување одлуки на локално ниво.