Работилницата со екперти за животна средина и управување со отпад

Присуствуваа проектниот тим од ПАКТИС, експерт за животна средина и управување со отпад – Кирил Настески, експерт за инсталации за биогас – Зоран Апостолоски, Директорот на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп – Звонко Јованоски, и член Совет на Општина Прилеп – Никола Багески.
На работилницата беше разгледан Планот и програмата на Комуналец за управување со отпадот, како и Локалниот еколошки план на Општина Прилеп – ЛЕАП, а беа донесени и заеднички препораки за подобрување на управувањето со отпадот и искористување на отпадот во економски цели.