Прва работилница

Почитувани,

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество и поддршката за граѓански организации што дејствуваат како демократски јадра во нивните заедници, Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС од Прилеп, започна да го спроведува проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“.

Со реализацијата на Проектот предвидуваме две главни цели:

  • Формирање на граѓанско јадро за решавање на проблемите со градската депонија и дивите депонии во општината, во кое, како засегнати страни ќе бидат вклучени граѓаните и институциите, еколошките здруженија, експертите за локален економски развој, здравствените работници и производителите на стопански и еколошки отпад во општина Прилеп;
  • Развивање на општата свест кај засегнатите страни за директните штети по здравјето на граѓаните и животната средина од неправилното постапување со отпадот, како и за формите за правилното управување и одлагање на отпадот, како и можноста за профитабилност и социо-економски бенефит од отпадот.

За остварување на целите на Проектт на УСАИД “Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“, во понеделникот на 23.03.2015 во просториите на здружението се спроведе работилница на тема „Отпадот – загадувач на животната средина и извор на болести и епидемии“.

На истата, покрај организаторите, како релевантни познавачи и експерти по темата учествуваа: Кире Настески – „Еко-инженеринг“ Прилеп; Др.Благоја Алексоски – Институт за јавно здравје на РМ; Др. Петар Оханесјан – Завод за здравствена заштита Прилеп; Зоран Апостолоски – „Еко-контрол“ Охрид; Билјана Апостолоска – Професор по хемија; и Јорданчо Зoграфоски – „ЗЗОО Органик агро фарма“ Прилеп.

На работилницата, помеѓу останатото, се донесоа заклучоците дека:

  • Постои директна поврзаност помеѓу неправилното постапување и одлагање на отпадот со порастот на хроничните заболувања и карцином, претежно кај младата популација
  • Неконтролираните палења на отпадот на отворен простор испуштаат загадувачки супстанци како тешки метали (жива, олово, арсен), диоксини (најканцерогена и отровна материја од која поштетен е само нуклеарниот отпад) и фурани во животната средина
  • Органските канцерогени супстанци кои произлегуваат од палењето на стрништата и дивите депонии се таложат (на високо ниво) во земјоделските култури, во потоците и водите
  • Отпадните води се директен загадувач на обработливите земјишта, бавчите и пасиштата, со што директно е загрозен процесот на производство на здрава храна и под ризик се поставува здравјето на граѓаните како крајни конзументи на истата