Покривање говор на омраза на јавна локација

Во рамки на проектот “Aктивирај се против говорот на омраза и лажните вести” спроведовме акција каде го острануваме говорт на омраза испишан на јавни локации.

Младите активно се борат против говорот на омраза кој го прави нашето секојдневие непријатно и исполнето со негативна енергија.

На 20.12.2018 (четврток) ПАКТИС заедно со младите од Прилеп повторно го покриваа говорот на омраза на јавните површини во Прилеп.

Позитивните пораки испратени од младите преку креативни цртежи, ќе ги потсетуват граѓаните на Прилеп колу е важно да имаме разбирање и толеранција еден за друг и да се почитуваме!