Инфо-сесии „Активирај се против говор на омраза и лажни вести“

Подобро општетсво, без говор на омраза!

Во секојдневието се повеќе се појавува говор на омраза, особено меѓу младите. Училиштата веќе стануваат не толку безбедни простори за нив, исто како и дел од јавниот простор.

Пред да навредиме некого да се потсетиме дека никој од нас не е подобар од другиот!
Ние сме #Противговорнаомраза а ти?

На 05.11.2018 (понеделник), тимот на ПАКТИС одржа инфо-сесија во средното економско училиште „Кузман Јосифоски- Питу“- Прилеп.

На учениците им беше презентиран прирачникот за заштита од говор на омраза и се одржа плодна дискусија, на која младите ги споделија своите ставови во однос на тоа како да се редуцира говорот на омраза и споделија лични искуства за судир со говор на омраза.

На 06.11.2018 (вторник), тимот на ПАКТИС одржа инфо сесија во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп.
Интересот на младите за дискусија на темата „говор на омраза“ беше голем а нивните препораки повеќе од корисни.

Говорот на омраза дефинитивно е проблем кој е застапен во училиштата и според учениците „не може да чека и треба да се адресира веднаш!“
Волјата на младите за позитивна промена е на високо ниво!