Диви депонии

Во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“ Здружението ПАКТИС, следејќи го процесот за справување со отпадот и проблемите со Дивите депонии во општината Прилеп како потенцијални загадувачи на животната средина, а со намера да се спречи загадувањето на воздухот, водите и земјиштето односно, здравјето на луѓето како и лошиот визуелен ефект, направи теренски увид на дел од територијата на општината, односно во близина на градот, населените места, покрај патиштата, по коритата на водотеците, како и други простори.

Притоа, идентификувани се локации на Диви депонии и собрани се податоци за: местоположбата и површината што ја зафаќаат Дивите депонии, видовите на исфрлен отпад, количината на отпадот, и направени се картографски и фотографски податоци посебно за секоја локација.

Главна цел на оваа активност, покрај справувањето со отпадот и проблемите со Дивите депонии во општината Прилеп, е превземаwе на мерки и активности за елиминација на отпадот од овие локации, одлагање на отпадот на легалната депонија превземање на мерки за рекултивација на локациите, едукација на гра|аните за штетите од истите и за осознавање на формите за управување и постапување со отпадот.