Втора кампања

Во рамки на проектот „Подобрување на управувањето со отпад во Прилеп“ , здружението ПАКТИС започна со теренска кампања за поткревање на свеста на граѓаните на општина Прилеп за профитабилноста и социо – економскиот бенефит, кој го нуди отпадот преку негова соодветна преработка. Проблемот со загадувањето на животната средина и потребата од обновливи извори на енергија, сами по себе го наметнаа прашањето за пронаоѓање и користење на алтернативни и чисти извори на енeргија, меѓу кои е и искористувањето на биоразградливиот отпад како биоенергенс, така што во многу земји се градат се повеќе Постројки за користење на Биомасата за производство на Биогас како енергенс за добивање на електрична енергија, топлинска енергија, гориво за возилата, еколошки чисто ѓубриво. Биоразградливиот отпад (биомасата) од регионот на Прилеп е иделна суровина за производство на биогас и расположливите количини од овој регион се доволни и целосно ја оправдуваат потребата од изградба на Инсталација за производство на Биогас во рамките на Општината

НАЈВАЖНИ ОРГАНСКИ М АТЕРИЈАЛИ ЗА ДОБИВА ЊЕ НА БИОГАС ОД РЕГИОНОТ НА ПРИЛЕП СЕ:

  • Комунален отпад, органски дел (одложен на депониите или новосоздаден)
  • Комуналните отпадни води (канализациона вода, отпад од септички јами, талог од фекална канализација, мил од пречистителни станици)
  • Отпад од одржување на: пазари, паркови и градини
  • Земјоделско-стопански отпад (отпад од оранжерии, животинско и живинарско гноиво, шталски отпад, осока, отпад од овоштарници (дрвен, плодови), отпад од зеленчук, земјоделски остатоци)
  • Индустрискиот органски отпад (дрвна индустрија, остатоци од хемиска индустрија, прехранбена индустрија, пиварска индустрија, винарска индустрија, фармацевтска индустрија, индустрија за хартија, отпад од кланици, лешеви)
  • Кујнски отпад, отпад од ресторани
  • Медицински отпад
  • Други видови на био-разградлив отпад

ПРЕДНОСТИ И МОЖНОСТИ ЗА СОЦИО-ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ОПШТИНАТА ОД ИНСТАЛАЦИЈАТА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БИОГАС:

  • Снабдување со алтернативно гориво на институции од областа на образованието, здравството и социјалните установи, па дури и снабдување со гориво на идната топлификација и гасификација на градот.
  • Намалени сметки за: подигнување на отпадот, улично осветлување, греење, користење на јавниот превоз и слично за граѓаните, фармите, стопанските субјекти и земјоделците.
  • Нови работни места и зголемена