Јавен демант и барање за извинување и повлекување на изјава од страна на движењето „СОС“

Почитувани,

Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп ги демантира и ги квалификува како лажни и неточни наводите на претставниците на „Стоп операција Сорос“ („СОС“), искажани на прес конеференција на 04.02.2016 година.

Имено, во таа прилика, Цветин Чилиманов, изјави дека постоеле повеќе под – организации што функционирале под ПАКТИС и служеле за мобилизирање демонстранти и организирање протести, што е ноторна лага и класична клевета.

Здружението ПАКТИС од Прилеп е основано според законските прописи на РМ и не содржи и нема регистрирано никакви под-организации за какви што говори Чилиманов.

Целосноги отфрламе конструкциите на Цветин Чилиманов и „СОС“ и одбиваме да бидеме ставени во конотација дека ПАКТИС Прилеп е една од организациите кои работат како локални штабови на политичката партија СДСМ.

Нашата организација има инклузивен пристап и ги здружува граѓаните во остварувањето на нивните интереси, без разлика на нивната верска, етничка, идеолошка, иликаква било друга припадност.

ПАКТИС Прилеп, според својот статут делувакако непартиска организација и има поставено мисија и визија да поттикнува решенија за општестевно – социјалните проблеми во локалната заедница.

Во тој контекст, покренавме иницијатива за изградба на фабрика за биогас врз база на отпад во Прилеп, со цел заштита на животната средина, намалување на отпадот на дивите депонии и стекнување на социо – економска корист за граѓаните и општината.

Помеѓу другото, покренавме иницијатива за зголемување на општокорисната работа во Прилеп, наспроти сѐпоголемиот број изреченизатворски казни.

Го исчистивме спомен обележјето од НОБ за загинатите прилепчани кај село Дабница – прилепско, и покренавме иницијатива за негово обновување и уредување.

Бараме јавно извинување во рок од 7 дена од Цветин Чилиманов и „СОС“ какои повлекување на сите наводи кои ги оценуваме како малициозни лаги и брутални невистини, во спротивно ќе покренеме тужба пред соодветните институции на РМ за клевета и навреда на угледот и дигнитетот на нашата организација.

Со почит!

Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп