Проекција на видеа на Art&Culture Festival

Видеата изработени како дел од проектот “Активирај се против говорот на омраза и лажните вести” беа проектирани на #artandculturefestival во склоп на јавната дискусија на тема “Дискриминација и културна разноликост”

ВОЛОНТИРАЈ ВО ПАКТИС!

ВОЛОНТИРАЈ ВО ПАКТИС! Ова е одлична шанса за секој млад човек да го искористи своето слободно време, да ги надогради своите меки вештини преку креативни и интерактивни активности со одличен тим на млади луѓе!

Бесплатни обуки

Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп организира бесплатни обуки за “Волонтеризам и застапување” и “Kомуникациски алатки”, кои ќе се одржат на 18 и 19ти Април, во просториите на здружението на адреса: Трајко Сандански 1/22. Сите заинтересирани можат да се пријават на тел:076/789-085 меил: csd.pactis@gmail.com Пријави се, Активирај се!

АНАЛИЗА НА ЗАКОНОТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА

Утре на 17.08.2017 во рамки на проектот Мрежа 23+, Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп ќе одржи отворена трибина со наслов АНАЛИЗА НА ЗАКОНОТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА ВИДОТ И ОДМЕРУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА, Во хотел Кристал Палас во 12:00 часот. Сите заинтересирани се добредојдени.

Јавен демант и барање за извинување и повлекување на изјава од страна на движењето „СОС“

Почитувани, Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп ги демантира и ги квалификува како лажни и неточни наводите на претставниците на „Стоп операција Сорос“ („СОС“), искажани на прес конеференција на 04.02.2016 година. Имено, во таа прилика, Цветин Чилиманов, изјави дека постоеле повеќе под – организации што функционирале под ПАКТИС и служеле за мобилизирање демонстранти.