Визијата на ПАКТИС е мир, општествен и социо-економски прогрес, развој и просперитет за сите луѓе во Р. Македонија подеднакво.
Здружението Центар за стратегии и развој ПАКТИС, своето постоење го базира врз визијата за мир, развој и просперитет на сите граѓаните подеднакво, унапредување на демократските процеси, доследна примена на уставот и законите за сите граѓани, заштита на универзалните човекови права, вклученост на граѓаните во носењето закони, одлуки и регулативи, долгорочен и одржлив социо-економски развој, граѓанско општество отворено за идеи, културни различности и меѓуетнички дијалог, како и поддршка на регионалните и европските интегративни процеси.