Статут

Стаутот на Pactis

statute

Здружение Центар за стратегии и развој ПАКТИС Прилеп е основано заради остварување на заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и остварување на поширок општествен интерес преку што се задоволуваат потребите од стручна помош во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, пред себе си поставува повеќе задачи преку организирање и иницирање на едукативни семинари и манифестации, печатење и издавање на весници, списанија и други печатени изданија со примена на општите и техничките нормативи, како и меѓусебна соработка со Министерствата и органите во состав на министерствата при Владата на Р.Македонија, соработка со локалната самоуправа и меѓународни институции.

Здружението се основа врз утврдени принципи на солидарност, припадност и взаемност меѓу оваа категорија на граѓани за остварување на своите лични и граѓански права и заеднички интереси.

Здружението е невладина непартиска и непрофитна организација преку неа не можат да се вршат политички активности, ниту пак имот или средства да бидат користени за остварување на цели на политичка партија.

Здружението е самостоен субјект во поглед на остварување на своите цели, интерси и активности утврдени со овој Статут.

Работата на здружението е јавна и секој негов член може да изврши увид во работењето и таа се обезбедува со навремено и целосно информирање на членството интерно и во пошироката јавност преку некои средства за јавно информирање.


Проекти