„Јакнење на капацитети“

Проект: „Јакнење на капацитети“

Граѓанската иницијатива има за цел да го подобри имиџот на невладиниот сектор и ПАКТИС како дел од истиот во локалната заедница.
Истовремено, иницијативата ќе ја поврати мотивацијата на граѓанските активисти и младинското јадро во организацијата, после зачестените притисоци од страна на јавните институции врз невладините организации.
Со оваа акција ќе се зајакнат внатрешните капацитети на конституентите на ПАКТИС, ќе се поврати тимскиот дух и ќе се иницираат позитивни промени во пошироката граѓанска свест за улогата на граѓанските организации во локалната заедница, преку локални акции со општествено одговорен карактер.
Иницијативата ќе обезбеди и правна заштита на ПАКТИС преку професионални консултации со адвокатска канцеларија, со цел работа на организацијата според позитивните правни прописи во Република Македонија.
Иницијативата ќе има влијание врз перцепцијата на граѓаните во локалната заедница на општина Прилеп, во насока да ја повратат довербата во позитивниот општествен фидбек од покренување на локалните граѓански иницијативи во интерес на граѓанското општество.

Акција: Креираме уметност, не вандализам Работилница: Развиваме идеи за општокорисни иницијативи и акции
Работилница за улогата на ПАКТИС во локалната заедница

Проекти