ЗАКОНИТЕ ЗА ХОНОРАРЦИ СЕ НЕУСТАВНИ!

ЗАКОНИТЕ ЗА ХОНОРАРЦИ СЕ НЕУСТАВНИ!

ПРИКЛУЧИ СЕ КОН ГРУПНАТА ПРЕТСТАВКА ДО УСТАВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

ПРАВО НА ЕДНАКВОСТ И РАБОТНИЧКИ ПРАВА ЗА ХОНОРАРЦИТЕ!

Зошто?

  1. Хонорарците ќе плаќаат придонеси, а нема да имаат право на плата, на пауза, на годишен одмор, на синдикално здружување, на породилно/родителско отсуство итн.
  2. Хонорарците се заглавени во бирократските лавиринти кои ни администрацијата не знае како да ги спроведе, зашто законите се непрецизни, двосмислени и нејасни
  3. Нејасно е за кој период хонорарците ќе бидат здравствено и пензиско осигурани
  4. Невработените хонорарци ќе бидат избришани од регистрите на Агенцијата за вработување
  5. Хонорарците имаат обврска да доставуваат пријави за примен хонорар, наместо државните институции сами да водат евиденција

Со пакетот неуставни закони се прекршуваат следниве уставни права и принципи:
Владеењето на правото; правото на еднаквост; правото на работа, и забраната за повратно дејство на законите.

Текстот на иницијативата е достапен во ПДФ-формат тука

Секој полнолетен граѓанин може да се приклучи кон иницијативата преку пополнување формулар на едно од наведените места, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот од 23 март до 6 април 2015 година:

  1. Скопје: ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 322 4701;
  2. Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел 047 233 020;
  3. Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одрзлив развој, ул Гоце Делчев 24, тел 031 481 542;
  4. Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул.Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046/835-106;
  5. Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;
  6. Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба „Сењак“), тел. 032 383 116;
  7. Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул.Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;
  8. Струга: Центар на Заедницата на Општина Струга, ул. „Владо Малески “ б.б. ( зграда на министерство за одбрана), тел. 046 839 112;
  9. Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;
  10. Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117
  11. Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;
  12. Берово: Здружение за промоција и заштита на прават на ромите - Roma Future, тел. 075 621 267;
  13. Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;
  14. Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438;

Формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април 2015 година.

ЗАКОНИТЕ ЗА ХОНОРАРЦИ СЕ НЕУСТАВНИ!

Проекти